Категории

Што треба секоја дама да има во својот плакар (покрај малиот црн фустан)

Постојат неколку парчиња облека кои се вечни и можете да ги носите без разлика што во тој момент е тренди.

Денес прочитајте што е тоа што треба да го поседувате доколку сакате секогаш да изгледате добро и шик.

1. Бела кошула и бела маичка се совршени парчиња кои можете да ги комбинирате со лежерни и свечени комбинации.

Одат со сите бои и со нив никогаш нема да згрешите.

2. Skinny фармерки и црни фармерки кои ќе ги носите често.

Овие парчиња можат да се наречат “сигурна“ варијанта, односно кога не знаете што да облечете можете да ги извадите.

Она што е важно е да пронајдете модел кој ќе и одговара на вашата фигура.

q2

3. Кога се во прашање тексас и кожната јакна нема потреба од многу објаснување.

Јасно е дека без црна кожна јакна плакарот не е целосен, а која од нас не сака тексас јакна?

q3

4. Црни панталони и црн блејзер со совршен крој ќе направат да изгледате елегантно и шик.

Не се ограничувајте на класиката, туку одберете го она што најдобро ви стои.

q4

 5. Добра долна облека и корсет

Корсетот ќе направи да изгледате подобро во многу парчиња.

А кога е во прашање долната облека, важно е да носите удобен градник и гаќички . На овие парчиња не треба да штедите бидејќи удобноста е неопходна.

q5

Прегледи:
473
Објавено на:
30.07.2016