Категории

4 палави игри кои ќе го сполудат

За да ја разгорите страста во сексот, потребни се малку напори и малку повеќе фантазија. Станете попалави од вообичаено и разгорете ја страста со помош на некоја од следните игри…

Игра на среќа

Се што ви треба се ташнички, ливчиња хартија и пенкало. Поделете ги ливчињата на две групи. На ливчињата од едната група напишете глаголи како допри, бакни, лижи, а во другата група напишете делови од телото како усни, гради, стомак, клиторис и сл. Прво дајте му него да влече по едно ливче од секоја торбичка, потоа направете го и вие истото. Откако ќе извлечете, не си кажувајте еден на друг што треба да направите, туку директно започнете да ја извршувате „наредбата“. Возбудата од неизвесноста и очекувањето е дополнителен сексуален стимул.

Изненадување

Додека го чекате да се врати дома, изгаснете ги сите светла и запалете многу мали свеќи кои ќе му го осветлуваат него патот од влезната врата до собата во која ја планирате вашата средба. Земете неколку парчиња облека и оставете ги како траги кои ќе водат до вас (градникот оставете го последен). Облечете се во секси гаќички и легнете во креветот. Кога тој ќе стигне до вас, сигурно ќе гори од страст.

Времето помина

Пред да започнете со секс земете часовник или наместете го вашиот будилник или мобилен да ѕвони по 30 минути. Соблечете се целосно голи. Во интервалот што сте го одредиле никако не дозволувајте пенетрација. Дозволени се страсни бакнежи и допири, но одложувајте го самиот акт. И двајцата ќе горите од возбуда до моментот кога ќе истечат 30-те минути.

Непозната убавица

Договорете се да се сретнете во бар во кој не сте биле претходно, но знаете дека има интимна атмосфера. Облечете се поразлично од вашиот стил и направете си ја косата поинаква. На пример, ако имате права коса, извиткајте ја, ако имате виткана, исправете ја. Ставете малку повпечатлив кармин и секси фустанче. Пристигнете на средбата 10-15 минути подоцна од договореното за да бидете сигурни дека тој веќе е таму. Седнете до него, започнете да флертувате отворено и правете се дека не го познавате.

Пуштете ја раката за да се запознаете и кажете лажно име. Откако ќе си ги покажете еден на друг сите техники за флертување, префрлете ја забавата дома.

Прегледи:
291
Ознаки:
Објавено на:
30.07.2016