Иако добриот секс е поврзан со емоциите, на некои знаци им е судено да доживеат поголема страст на интуитивна основа. Доколку верувате во астрологија, ќе се согласите дека во кревет најтешко се сложуваат огнените и земјените знаци, како и воздушните и водените знаци од Зодијакот. Земјените знаци никогаш не преземаат иницијатива, додека, пак, водените знаци ги слушаат нивните чувства. Нормално дека оваа генерализација не важи за сите, но ако ве интересира проверете што имаат ѕвездите да кажат околу тоа кои парови се предодредени да доживеат експлозија од страст и пронајдете го вашиот идеален сексуален партнер…
Овен
Страсни и нетрпеливи, овие љубовници го гледаат сексот како најголема забава, па дури и како суштински дел од љубовната врска. Тие претпочитаат вистинска акција, а не нежно водење љубов. Знаат што сакаат и го сакаат тоа веднаш. Сексуално најмногу си одговараат со Лав, Стрелец, Близнаци и Водолија.
Бик
Бикот важи за најсензуалниот од сите знаци, има хедонистички пристап кон сексот и важно му е да е редовен. Припадниците на овој хороскопски знак обожаваат долги предигри и игри на заведување, како и неизвесност во сексот. Сексуално се најкомпатибилни со Девица, Јарец, Рак, Скорпија и Риби.
Близнаци
На припадниците на овој знак важно им е прво да бидат ментално стимулирани, сакаат секси разговори за самиот чин, фантазирање, зборување за сексуалните желби и идејата дека имате бујна фантазија. Сексуално се најкомпатибилни со Вага, Водолија, Овен, Лав и Стрелец.
Рак
Раковите го сакаат чувството на припадност и сигурност, како и интимноста која произлегува од емоционалната поврзаност. Тогаш најмногу уживаат во сексот. Ретко иницираат бидејќи се срамежливи, но се одлични љубовници кои навистина се трудат да го задоволат партнерот. Сексуално најмногу си одговараат со Бик, Девица, Јарец, Скорпија и Риби.