Како што рече Тирион Ланистер од серијата “Game of Thrones”, веројатно од време на време сите треба да направат некоја пародија или некоја интересна работа, за да другите луѓе не ги сфатат премногу сериозно.
Воопшто не е чудно што истите идеи ги имаат мажите ширум светот. Тие низ различни фотографии решија да им се потсмеваат на жените, покажувајќи им колку смешно изгледаат во одредени ситуации.
Интернетот им овозможи секоја фотографија да ја споделуваат со жените. На фотографиите можете да видите мажи со “омбре” фризура,со штотуку направен маникир и педикир, други како го пијат својот омилен коктел во базен, а некои како се забавуваат на плажа со пријателките.
Еден маж, во описот на фотографијата ги охрабри и другите да го направат истото. Тој напиша: “Направете фотогафија, додадете опис, споделете ја на интернет и уживајте”.