Иако делува мирољубиво, кога е бесна личноста од овој хороскопски знак, верувајте дека не сакате да сте во нејзина/негова близина.
Иако Овенот има доста трпение сепак не значи дека нема свој праг на толеранција, па ако успеете да го пречекорите бегајте колку што можете подалеку…
Она со што можете најчесто да го разбесните секој Овен е тоа ако се обидете да го потцените, а пак ако тој/таа процени дека не сте лојални, нема да бираат средства со кои ќе се обидат да го средат својот противник.
Ако пак сте ја имале таа “несреќа“ и сте им ја покажале својата најслаба точка, очекувајте дека прво неа ќе ја нападнат.
Одмаздата на Овенот може да ги вклучи и вашите најблиски луѓе, бидејќи знае дека на тој начин најмногу ќе ве повреди.
Овенот знае толку многу да се соживее со своето планирање на одмазда, да на крај заборави зошто го прави тоа.
Затоа, астролозите советуваат ако е можно да избегнувате било каква кавга со нив.