Таа е еден од најбараните модели на светот поради неверојатното тело и специфичната убавина. Сепак, таа и понатаму ги поместува границите на вкусот за да го докаже тоа…
Бела Хадид има само 19 години, а веќе успеа да изгради име за себе во светот на модата, веројатно најмногу и поради тоа што сака со провокативна облека да ги нагласува своите атрибути.
Убавата манекенка ја фотографирале папараците на Беверли Хилс облечена во хеланки и кроп топ со прерамки во боја на кожа. Комбинацијата била премногу тесна и разоткривачка, а ако некој ја видел од далечина, прашање е дали би забележал дека има нешто облечено на себе.
Младата манекенка облечена во оваа провокативна комбинација се упатила на ручек со нејзиниот татко, а подоцна отишла на шопинг со пријателка.