Категории

Далеку од тебе

Ми стана заборавена тема, како омилениот роман од кого сум нашла подобар па немало потреба да те пречитувам повеќе, како марамата која можев да ја комбинирам со се, но сега е некаде далеку во купот облека. Немав причина да те побарам, немав потреба од твојата закрила. Повеќе и не ги чувствував потајно испратените погледи, баш сега кога решив да престанам да бегам од тебе, баш сега побегнав.

Беше пајакот во чија што пајажина бев заглавена. Таман ќе те отргнев од мене и тогаш ги пушташе канџите и повторно ме заглавуваше во тебе. Секоја солза пролеана за тебе се повеќе и повеќе ми ги разрануваше раните. Рани на кои болката им се губеше далеку во тишината, но нивните траги не беа избришани. Рани за кои се плашев дека ќе се причина за моето враќање од патот од кој задишано бегав. Иако потајно, сепак патев по твојата блискост, по твојот допир, по твојот глас, но сепак широко чекорев во некоја насока за која ни самата не знаев каде ме води.

Но не се откажав, полна со самодоверба продолжив да чекорам во непознатите насоки. Овој пат не трагав по некоја топла закрила, не трагав ни по усни кои ќе ме милуваат, овој пат трагав по човек кој ќе ме сака, човек со кој ќе го делам секој здив, човек чиешто срце ќе чука само за мене…

Прегледи:
596
Ознаки:
·
Објавено на:
04.08.2016