Категории

Празнична богослужба по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека денес, 8-ми август (понеделник), ќе се служи празнична вечерна богослужба, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, по повод јубилејниот празник 1100 години од блаженото упокојувањето на „Свети Климент Охридски“. Почеток на богослужбата е во 19.00 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Утре, вторник, со почеток во 08.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

Од Дебарско-кичевската епархија информираат и дека во рамки на издавачката установа „Канео“ при Дебарско – кичевската епархија, излезе во печат новата книга „Свети Климент Охридски“ хагиографија и химнографија, која ќе може да се најде  низ сите парохиски цркви.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на помасовно заедничко прославување, на јубилејот 1100 години од блаженото упокојување  на големиот просветител и учител на сите словенски народи Свети Климент Охридски.

OhridNews

Прегледи:
482
Објавено на:
08.08.2016