Категории

Телекабел донираше 1 милион денари за помош на настраданите семејства од поплавите

Компанијата „Телекабел“, чиј сопственик е Роберт Димитров, донираше еден милион денари за семејствата на настраданите од поплавите кои го погодија Скопје во саботата.

Хуманитарната акција за помош на настраданите од ужасните поплави кои во саботата го опустошија главниот град започна уште вчера, а голем број на граѓани, организации и компании дадоа свои донации.

Kомпанијата „Телекабел“ денес на сметката на Фондот на солидарност уплатила еден милион денари за помош на настраданите семејства од поплавите.

„Материјалните добра нема да ги залечат раните од претрпените загуби на нашите сограѓани, но се надевам дека барем малку ќе им го олесни санирањето на штетите во домовите. Сочувство до семејствата на загинатите”, напиша на Фејсбук сопственикот на компанијата Роберт Димитров, а се надеваме дека неговиот хуман гест ќе послужи како пример и за останатите големи компании ширум земјава да им помогнат на семејствата кои беа погодени од природната катастрофа.

Прегледи:
309
Објавено на:
08.08.2016