Некои моменти се паметат вечно, меѓу нив е моментот кога ќе дознаеш дека ќе станеш родител. Па, многу идни мајки бараат креативни начини за да им ја соопштат големата вест на идните татковци.
Бриен Доу организирала лажна фотосесија за да го овековечи моментот кога нејзиниот сопруг Брендон дознава дека таа е бремена.
24-годишната девојка ангажирала фотографка, а на Брендон му рекла дека освоила бесплатна фотосесија. Кога парот застанал пред објективот во прекрасен парк, фотографката побарала од нив да напишат на табла по три зборови со кои се опишуваат еден со друг.
Бриен го дочекала моментот подготвена со пораката „Ќе станеш татко“.
Слаткото изненадување измами солзи-радосници кај Брендон.