Категории

Езерото од бајките кое привлекува илјадници туристи

Езерото во близина на Лас Колорадас на полуостровот Јукатан воодушевува со својата убавина и необичната боја.

Имено, езерото има специфична розова боја, а такво е веќе стотици години. Туристите секојдневно доаѓаат да ја видат оваа необична појава, а покрај тоа се надеваат дека ќе можат и да се искапат во него.

Но, набрзо се разочаруваат кога ќе сфатат дека сепак не е дозволено капење во розовото езеро, поради преголемата количина на сол.

Научниците претпоставуваат дека необичната појава е резултат на големата концентрација на различни видови на бактерии и алги, како и ниската концентрација на нутриенти.

q2

q3

q4

q5

q6

Прегледи:
371
Објавено на:
12.08.2016