Во изминатиов период таблоидите објавија дезинформација дека Џенифер Лопез го очекува своето трето дете и дека планира да стапи во брак со 29-годишното момче Каспер Смарт.
Но вчера, менаџерот на 47-годишната пејачка, Бени Медина, за сајтот TMZ ги демантираше гласините дека таа е бремена и ги нарече „100% неточни“. Медина сподели фотографии од Лопез, направени по нејзиното шоу во Лас Вегас.
„Дали ви изгледа како да е бремена?“ – запраша тој.
На фотографиите, славната музичка ѕвезда е облечена во портокалова комбинација со краток горен дел. Изразените стомачни мускули на Лопез само го потврдуваат кажаното од нејзиниот менаџер.
Пред неколку часа, Лопез објави фотографија со близначињата Макс и Ема и напиша: „Оваа фотографија е малку матна, но чувствувам како камерата да го уловила чувството во тој момент. Секогаш се чувствувам сакано, безгрижно и како да сонувам кога сум со овие двајца…“.