Данската пливачка и претставничка на својата земја на Олимписките игри во Рио досега освои едно злато во дисциплината на 50 метри слободно, како и една бронза во дисциплината 400 метри комбинирано.
Но, помалку познат факт за неа е дека младата Пернил Блум обожава да застанува пред фотоапаратите. И тоа гола!
Таа е родена во 1994 година, а зад себе има успешна пливачка кариера со два настапи на Олимписки игри. Иако во Лондон во 2012 година не забележа значаен успех, истата година на својата земја и донесе злато и бронза од Светското првенство.
Покрај спортот, Пернил сака да го привлекува вниманието на социјалните мрежи каде само на Инстаграм има 40.000 обожаватели. 22 годишната пливачка се има испробано и во моделството, а има направено неколку скроз голи фотосесии.