Луѓето кои живеат повеќе од 100 години имаат различни тајни за својата долговечност но статистиките велат дека долгиот живот е поврзан и со хороскопот.
Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во знакот на Рак живеат најдолго, а го следат оние во знакот на Овен и Девица.
Раковите доживуваат длабока старост бидејќи ги мотивира мислата да живеат што подолго за што повеќе време да бидат крај своите најблиски, особено децата, и да се грижат за нив, бидејќи Раковите се исклучително семејни и грижливи личности.
Девиците живеат долговечно поради својот уреден начин на живеење и поради големата грижа за сопственото здравје. За многу Девици правилната исхрана и физичката активност се непишано правило, па тие не може да замислат да живеат поинаку. Исто така, Девиците се прилично смирени личности, а помалку стрес значи и подолг живот.
Тајната на Овенот е „едноставна“, тие имаат најголема страст за животот од сите други знаци.
Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго потврдува и официјалниот список на долговечни луѓе во светот, што се води од 1955 година, а ја составува организацијата Геронтолошка истражувачка група.