На 16 години Роберт Мфуне работел две привремени работи додека уште бил на училиште. Покрај работата во ресторан за брза храна, тој им служел и чај на брокерите во една финансиска компанија.
И додека ги служел, тој ги учел нивните трикови. И до времето кога Роберт тешките испити на факултет ги положувал со највисоки оцени, успеал да стане милионер кој до неодамна служел бургери.
– Додека бев “момчето за чај“ научив многу работи бидејќи бев опкружен со учени личности. Тоа беше дополнителна и привремена работа, но се` што работам го гледам како шанса да научам нешто ново – рекол Роберт за Дејли Стар.
Набрзо отворил сметка за тргување со акции под името на неговата мајка, а кога станал полнолетен отворил сопствена сметка.
Дал отказ во ресторанот за брза храна и после тоа, успесите само почнале да се редат. Станал сопственик на многу кафулиња и куќи во Англија, како и во родната Јужна Африка од која се отселил во 2009 година, кога имал 12 години.
Со само 19 години на неговата мајка и купил куќа и автомобил, а себеси се почестил со скапоцено Бентли кое станало дел од неговата автомобилска колекција вредна 300.000 евра.
– Тоа е повеќе како бонус и награда за мојот успех, а важни ми се семејството, пријателите и љубовта. Цел ми е да ги правам луѓето среќни и да се погрижам секој од нив да го има она што му е потребно. Кога ќе го успеам тоа, ќе можам да се повлечам и да кажам дека сум успеал – додал великодушниот Роберт.