Категории

ФОТО: Бремена е 17 месеци, бизарен нов светски рекорд

Ванг Ши е бремена неверојатни 17 месеци, а докторите велат дека не можат да ја породат со царски рез затоа што бебето не е доволно развиено.

Според Пипл дејли њуз, таа забременила во февруари 2015 година, а термин за породување и бил 5 ноември 2015.

Но таа уште малку ќе влезе во 18 месец од бременоста, што претставува вистинско медицинско чудо.

-Експертите се сложуваат дека бременоста може да трае и 13 месеци и да се роди здраво бебе. Но 17 месеци се премногу. Никој не може да објасни зошто жена ми се уште не се породила, вели нејзиниот маж.

Ванг се чувствува добро и докторите сметаат дека е во добра здравствена состојба. Планираат да ја породат на почетокот на 18 месец, доколку до тогаш породувањето не започне природно.

Рекордерка во должина на бременост до сега била Американката Беула Хантер, која бременоста ја износела неверојатни 375 дена.

Прегледи:
427
Објавено на:
22.08.2016