Категории

КАКО ЖИВЕАТ ВИСТИНСКИТЕ ПРИНЦЕЗИ

Можеби помисливте дека станува збор за принцези од цртаните филмови но, ние ви ги откриваме живоите на вистинските денешни принцези кои се модерни девојки слични на нас. Единствената разлика е нивното наследство и големиот број обожаватели кои ги имаат.

Принцезата Александра од Луксембург

24-годишната убавица која е единствена ќерка на војводата Хенри и војвотката Мариа Тереза, Александра, обожава да спортува, течно зборува пет јазици, па дури и учевствувала на Вимблдон. Нејзиното правилно име е Александра Џозефин Тереза Шарлот Мари Вилхелмин кое е и најдолго меѓу европските принцези. Но, и покра нејзиното кралко име таа е дури петта наследничка на претстолот.

Принцезата Амелија Виндзор од Обединетото Кралство

Амелија има 20 години и е пра-правнука на кралот Џорџ V, а помала ќерка на Џорџ Виндзор, Ерл на Св. Андреус. Таа сака да стане новинарка па затоа тоа и студира. Секако дека студиите не и попречуваат кога станува збор за присуство на најразлични настани и балови. Нејзина вистинска страт е модата.

љ2

Принцезата Луиза Марија од Белгија

Оваа 21-годишна принцеза е ќерка на принцезата Астрид од Белгија и надвојводата Лоренц која моментално се школува во Обединетото Кралство. Таа е дури девета наследничка на претстолот но нејзиниот прекрасен изглед и богатството на нејзините родители ја прават најпосакуваната девојка во светот.

љ4

Принцезата Иман од Јордан

Принцезата Иман бинт Абдула е најстарата ќерка на кралот Абдула II и кралицата Раниа од Јордан. Има 20 години и студира на универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, САД. Строгата религија на која припаѓа не дозволува преголемо изложување во јавност но таа понекогаш ја придружува мајка си на хуманитарни настани.

љ5

Принцезата Шарлот од Монако

29-годишната Шарлот Касираги е внука на холивудската ѕвезда Грејс Кели од кого веројатно ја наследила убавината. Таа е четврта нследничка на претстолот, има син, но моментално нема маж.

љ6

Принцезата Мариа-Олимпија од Грција

Монархијата во Грција е одамна забранета, но внуците и правнуците на последниот крал се уште си ги имаат титулите. Семејството на оваа принцеза живее во Лондон, а таа студира графички дизајн и ументност во Њујорк. Мариа-Олимпија е многу активна на социјалните мрежи, а на инстаграм ја следат дури 80.000 луѓе.

љ7

Инфанта Ленор, Принцеза на Астуриас, Шпанија

Родителите на оваа малечка принцеза се кралот Фелипе VI и кралицата Летиција од Шпанија. Ленор има 12 години и како и секое нормално девојче таа оди на училиште, ги исполнува обврските и со родителите присуствува на на сите јавни настани. Веројатно е дека во иднина оваа мала убавица ќе крши многу машки срца.

љ8

Прегледи:
408
Објавено на:
24.08.2016