Категории

Не пропуштајте ја оваа глетка: Водопад што извира од небото (Видео)

[youtube url=”https://www.youtube.com/watch?v=ScnDgr4caI0″ width=”500″ height=”300″]

Сите дела на овој уметник се вртат околу неговите најдраги елементи, светло и вода.

Версајскиот дворец во Франција е место каде што од 2008 година се изложуваат делата на Олафур Елаисон, така што, покрај тоа што посетителите можат да уживаат во магијата на палатата, можат и да се препуштат на посебните изложби. Оваа година данскиот уметник изградил водопад над езерото во паркот кој изгледа како да извира од небото.

Неговите дела се изложени во различни делови на дворецот. Над езерото во паркот се наоѓа овој необичен водопад, додека внатрешноста на палатата е украсена со светлосна инсталација.

Авторот истакнува дека за изложбата избрал серија просторни интервенции, игри, огледала и светла, а во парковите користи магла и вода за да го зголеми чувството на трансформација.

Прегледи:
311
Објавено на:
25.08.2016