Категории

Си направил свој авион бидејќи не сакал да се вози 15 минути до работа

Чешкиот бравар Франтишек Хадрава не сакал постојано да се вози со автомобил околу 15 минути до работното место, па одлучил да направи свој авион.

Тој го градел леталото цели две години и сега може за неколку минути да долета до работа.

Станува збор за ултра-лесно летало базирано на дизајнот на американските авиони од овој тип Mini-Max. Авионот има отворен кокпит, а го движи трицилиндричен мотор од чешката компанија Вернер. Неговата максимална брзина е 146 километри на час. Изградбата го чинела 3.700 евра.

avion-rabota2

На патот до работа Хадрава го прелетува шумското подножје на планината Шумава и слетува на ливадата спроти фабриката во која работи.

– На автомобилот му се потребни од 12 до 14 минути. Со авион би ми требале четири, пет минути кога би летал директно, но морам да направам мал круг за да не ги разбудам соседите рано наутро. Затоа ми се потребни седум минути – раскажал Хадрава.

avion-rabota3

Прегледи:
412
Објавено на:
26.08.2016