Категории

Проверете: Какви се вашите пријатели според хороскопските знаци?

Пријателите се клучен дел од нашиот живот и без нив не би можеле да го замислиме животот, нели? Не постои совршен пријател, бидејќи сите имаме различни карактеристики, но постојат пријатели на кои можеме секогаш да се потпреме.

Сепак, секојдневно запознаваме нови личности, а некои од нив можат да станат наши добри пријатели само ако им понудиме можност за тоа. Астролозите тврдат дека секој хороскопски знак носи своја особеност кога станува збор за пријателствата.

Прочитајте како секој од хороскопските знаци гледа на пријателството и своите пријатели.

Овен

Овенот е еден од најправдољубивите знаци, а освен тоа е и многу импулсивен и затоа не треба да ве изненади ако реагира бурно на неправдите. Тој секогаш би скокнал во помош дури и на непознатите кои ги среќава на улица, ако забележи неправда. Замислете тогаш каков е како пријател. На него секогаш можете да се потпрете, но очекувајте сурова искреност во секоја ситуација. Родените во овој знак нема да ви даваат утешни зборови, ако не ги чувствувате како вистински. Овенот лесно стекнува пријатели, но нема премногу трпение за оние кои постојано го вплеткуваат во проблеми и неволји. Тој ќе ви помогне неколку пати, но ако истата грешка ја повторувате постојано, не очекувајте многу поддршка.

Бик

Тоа што ги карактеризира родените во овој знак е почетната недоверба и сомничавост, но штом ве препознае како пријател, ќе му станете доживотен сопатник. Тој секогаш ќе биде тука за вас, ќе се најде во секоја ситуација која имате проблем. Тоа што е лоша страна на пријателството со Биковите е нивната посесивност која ја истакнува и во љубовните, но и во пријателските односи. Тој ќе ви замери ако претерано фалите некоја друга личност или пак и давате премногу внимание. Ако во вас препознае пријател, Бикот ќе ве сака само за себе.

Бикот ги цени пријателите по начинот на којшто тие реагираат кога му е потребна помош, дури и тогаш кога не може ништо да се направи во моментот. Како што тој е тука за вас, така очекува да бидете тука за него.

Близнаци

Близнаците се многу дружељубиви и секогаш се окружени со многу луѓе. Другите во нив гледат добар пријател, иако понекогаш знае да биде непостојан и буквално да исчезне. Но, не го сфаќајте тоа личност – Близнаците се карактеризираат со непостојано расположение и понекогаш едноставно им е потребно да се повлечат во себе. Иако имаат многу пријатели, најчесто се потпираат само на себеси, бидејќи размислуваат брзо.

Тие се многу големи сонувачи, па често ветуваат тоа што не можат да исполнат. Од друга страна, знаат да бидат многу рационални  и даваат вистински одговор на прашањата кои ги имате. Многу се дружељубиви, лесно создаваат нови пријателства, лежерни се и имаат „лабав“ однос кон луѓето. Сепак, јасно им е кој им е вистински пријател, па во клучни моменти ќе ви покажат дека го ценат тоа.

Рак

Раковите се посветени пријатели кои внесуваат многу труд во односите со своите пријатели. Тие даваат ситни подароци, мали знаци на внимание и така покажуваат дека им значите. Тие немаат големи зборови, но затоа прават големи дела. Знаат да бидат многу чувствителни и често ги повредува искреноста на своите пријатели од кои очекуваат само зборови на поддршка, дури и во ситуациите кога им е јасно дека не ја заслужуваат. Бидете внимателни со нив. Треба да им го тргнете вниманието од грешките кои ги прават, но на еден многу нежен начин, со зборови кои се мошне вешто спакувани.

Лав

Кога ќе ја заслужите наклонетоста на еден Лав ќе почувствувате вистинско пријателство и поддршка во секоја животна ситуација. Тие ќе бидат тука да ви помогнат, но не го тестирајте нивното трпение. Оној момент кога ќе почувствуваат дека пријателството е злоупотребено, ќе ја свртат својата глава без оглед на сѐ и ќе стават точка на вашиот однос. Можност за смирување постои, но работите никогаш нема да бидат исти.

Лавовите се многу дарежливи во однос на своите пријатели, сакаат да делат и да минуваат време со нив. Пријателството на еден Лав е огромно.

Девица

Ако имате Девица во својот живот, сметајте се себеси за богата личност. Тоа е личност која е подготвена да влезе во многу ситуации за вас и да ви помогне во сите ситуации со сите свои сили. Родените во овој знак се многу објективни и искрени и затоа не очекувајте зборови на поддршка кога не ги заслужувате. Девицата е личност која ќе ви каже директно кога грешите, без многу заобиколување.

Тие се личност која ги исклучва емоциите кога ќе се јави проблем и вниманието го фокусира само на неговото решение и непогрешливата логика. Доколку имате пријател роден во овој знак, тој е личноста на која треба да и се обратите кога ви треба совет.

Вага

Вагата на прв поглед делува површно, но всушност родените во овој знак се вистински пријатели. Имаат одлична способност за емпатија, се соживуваат со проблемите на своите пријатели и се обидуваат нештата да ги разгледаат од нивна перспектива, без оглед на тоа колку се нерационални. Вагите секогаш знаат да сослушаат и да дадат практични совети. Не сакаат да бараат помош од своите пријатели и сакаат тие самите да ја понудат нивната помош, па често пропуштаат многу можности.

Кога на Вагите им пречи нешто, тие подолго време молчат, и на индиректен начин покажуваат во што е проблемот. А, кога ќе се насоберат проблеми, тешките зборови од нив сигурно ќе ве изненадат. Знајте дека во нив тоа многу долго се насобирало.

Скорпија

Едно е сигурно – Скорпиите не треба да ги имате за свои непријатели. Но, кога тие ќе ви станат пријатели, сметајте на нивната целосна предаденост и лојалност. Тие никогаш нема да ја злоупотребат вашата доверба и затоа слободно можете да им доверите некоја тајна или проблем. Од друга страна пак, тие се многу одмаздољубиви, па ако се замерите со нив, очекувајте одмазда, бидејќи никогаш нема да останат без тоа.

На Скорпиите им треба малку повеќе време за да стекнат доверба. Им треба многу време да прифатат некого за пријател, особено оние кои ќе ја почитуваат нивната таинственост и мистериозност.

Стрелец

Стрелците се огромни пријатели и во секоја прилика даваат сѐ од себе за да ви помогнат да решите одреден проблем. Сепак, знаат да бидат и многу незгодни доколку им згрешите. Ако не му се допаѓа некоја постапка на Стрелецот, тој веднаш ќе ви го покаже тоа. Тие не знаат да ги скријат своите емоции и затоа лесно ќе знаете што е со нив. Ќе ви биде доволен еден поглед да знаете што се случува во нивната глава.

Ако барате совет од родените во овој знак, иако тие ги избираат внимателно зборовите, сепак допираат директно во срцето на проблемот и не се чудете ако се чувствувате малку повредено – тие секогаш го кажуваат тоа што го мислат. Не можат да се дружат со секого, помалку се елитисти и бараат слични на нив.

Јарец

Кога Јарецот е во прашање, морате да положите тест на пријателство – буквално. За таквите тестови воопшто нема да бидете ни свесни на самиот почеток. Меѓутоа, ако ги поминете, ќе добиете пријател за цел живот. Кога ќе побарате помош од нив, ќе се изненадите од нивната рационалност и разбирање која е спротивна на нивното студено однесување.

Ако го изневерите Јарецот, треба да знаете дека тоа е крајот на пријателството. Кога еднаш ќе стигнете до таа точка, веќе нема враќање. Подобро е да го имате за пријател, отколку за непријател, бидејќи Јарецот никогаш не заборава што сте направиле.

Водолија

Ако барате пријател кој го поддржувате без оглед на сите ваши постапки, тогаш тоа е Водолијата. Тие се пристрасни кон своите пријатели и за нив секогаш имаат оправдување, без оглед на тоа што и да направат тие. Пријателствата ги склопуваат наизглед лесно, како да ве знаат отсекогаш. Пристапуваат опуштено, секогаш имаат теми за разговор, а подоцна ги разработуваат темите кои се од заеднички интерес.

Кога ќе се најдете во неволја, не прашувајте дали е ноќе или дење – тие веднаш ќе бидат онаму кадешто ќе побарате. Тие никогаш не очекуваат благодарност за добрите дела кои ги прават во пријателството.

Риби

Рибите се најдобро рамо за плачење, но не знаат да чуваат тајна и затоа бидете внимателни што им откривате. Тие се многу емпатични, ја чувствуваат веднаш вашата тага или радост и секогаш се тука за вас, за да ги споделат клучните моменти на искрен начин. Така умеат да ве „купат“ за цел живот. Кога пријател ќе им се обрати за помош, секогаш имаат време да се задлабочат во неговиот проблем додека интуитивно не пронајдат решение или помош.

Прегледи:
592
Објавено на:
28.08.2016