Категории

ЗАВРШИ ФАКУЛТЕТ… ПА ПОТОА БРАК

Добро ни е познат животниот принцип, кој ни го наметнува општеството на 15-тиот, но и 21-от век. Поентата е да го завршиме тоа училиште, односно факултет, ако баш мораме, па да се омажиме или ожениме за некоја фина и пристојна особа. Што побрзо да дојдеме до неа. Ако тоа не го сториме, тогаш нешто ни фали.

Целосно ми е јасно зошто бабите и дедовците се загрижуваат, кога нивната внука, која има 25 години е „сама“; родителите до некаде и можам да ги разберам, но шок е кога ќе видиме дека овие наметнати вредности ги прифаќаат и младите луѓе кои имале енергија, идеја, кои сакале да создаваат и да проживуваат, а своите соништа ги редуцирале само на едно нешто- мажачка. Најмногу ме поразува фактот што во своите соништа повеќе и не вложуваат и се препуштаат на мислењето на другите.

Зошто тоа е проблем во денешното општество?

Проблемот е што брачниот живот е нешто што ти се наметнува, што се очекува да го сториш во одредени години и што многумина тоа бесприговорно го прифаќаат, чувствајќи блага анксиозност ако тоа не го сторат до 25-та година, а тешка депресија ако ги фати 28-та, а сé уште се „самци“.

Проблемот е што веќе никој не се прашува дали сака тоа да го стори (и оние кои се прашуваат често се толку несамосвесни да им се присторува како да навистина тоа го сакаат, а всушност единиствена желба им е да ја исполнат таа општествена функција од најниско ниво), туку тоа го прави бидејќи е друштвено прифатливо. Проблем е што никој тоа не го прави поради љубов.

Проблем е што повеќе не се чека оној „вистинскиот“ (каков и да е тој), туку се „фаќаш за првото што ќе наиде“. И тогаш самата се убедуваш дека тој е оној вистинскиот и трк со него пред олтар, па со ист тој трик и пред судијата за развод, неполна година дена од бракот.

Замислете до која мера е исфорсирана брачната заедница, кога кај некои добила и крајно негативна и лоша конотација. (Мажите целосно ги разбирам што бегаат од тоа. Зошто да прават нешто, ако не го сакаат, кога можат да прават многу други работи кои ги усреќуваат? Штета, само што тие работи, воглавно се заминувања во кафеана. Во предност се еднинствено што општеството не ги притиска, не се непосакувани ако не се во брак.)

Па, зарем тоа не би требало да биде еден од најубавите животни процеси (не мислам на свадбата, туку на бракот)? Тоа би требало да биде креативен чин во кој се вложува, кој се негува и чува, во кој се експериментира, кој се унапредува и во кој се ужива. Таков може да биде едниствено ако две единки се спојат со убави чувства (и се разбира секусални побуди).

Ако некој доживее таков спој и на 20 години, немам ништо против, блазе си му. (Сепак, мислам дека тоа е ретко, бидејќи за добар однос мора добро да знаеш кој си и што сакаш, а за тоа се потребни секојдневни искуства, кои тешко можеш да ги здобиеш).

Ако тоа навистина е однос кој опстанува, зошто да се брза со бирократска потврда? Прерано склопување на брак, го оправдувам еднинствено поради децата; за нив е подобро ако се родат во брачна заедница. Но, и тоа не е секогаш најдобрата постапка, бидејќи често од тоа страдаат децата, па живееат со еден родител или двајца кои се презираат.

Вие кои посакувате бајка, а се мажите за жаба која нема можности да стане принц, добивате басна од која другите извлекуваат поента. Од илјадниците други научите нешто: да брак не склопувате кога социјалното опкружување ќе смета дека треба, да не склопувате само затоа што социјалното опкружување мисли дека треба и да си дадете време и можности да се појави личност со која брачниот живот ќе биде креативен процес во кој двете страни подеднакво ќе уживаат, една со друга, но и самите со себе! А социјалното опкружување може да се….ПИП!

Извор: Wannabe magazin

Прегледи:
509
Објавено на:
30.08.2016