Популарниот паметен телефон “iPhone 6” “умира” ширум светот, а феноменот веќе доби име “болест на допир”. Многу луѓе се жалат поради истиот проблем, а многумина од купувачите ја тужеа компанијата “Apple.”
Грешката се појави кај моделот “iPhone 6”, а станува збор за тоа дека екранот престанува да функционира и станува сив. Проблемот потоа привремено исчезнува, но, со времето екранот во целост престанува да функционира.
Причината поради овој проблем се крие во дизајнот. Купувачите веќе ја тужеа компанијата “Apple” на судот во Калифорнија, а во тужбата наведоа дека компанијата “Apple” е свесна за проблемот со дизајнот и дека не се потрудила да го отстрани проблемот. Моделите “5S” и “5C” го немаат овој проблем. Исто така, “iPhone 6S” и “iPhone 6S Plus” e доволно јак за да го спречи свиткувањето.
Купувачите ги застапува фирмата “McCuneWrigh”, која сака да ги собере сите купувачи кои имаат проблеми со овие паметни телефони.
“Apple” се уште се нема изјаснето.