Категории

Kој го шиша Мите победникот од Пинк звезди

 

ПРИКАЗНАТА НА НАШИОТ ТИМ

  ТОШЕ

Од како знам за себе и својата фамилија знам и за овој занает.Почнувајки млад од својата 11 година со учење на занаетот во фамилијарниот салон ,започна учењето и стварањето љубов кон техниката на шишање и создавање на модерни фризури.Од тука школувањето го продолжив во средното училиште Димитар Влахов во Скопје .Од каде и се смени мојот живот од тој ден само мислев и учев како да направам успешна и позната кариера.Со ова учење и трудење постигнав многу но искуството го градев и на меѓународно поле посетувајки многу натпревари саеми кои што се одржуваа во најразлични земји.Сето тоа градење на личност се состоеше во натпреварување кое ќе биде запаметено во мојот живот како најмлад натпреварувач со само 11 години и освоено трето балканско место од тука желбата стана уште поголема а и вложувањето на труд што резултираше со освојување на четврто европско место каде влегов во големата европска култура на модерните фризури.Но не беа само натпреварите пресудни во се, тука допринесоа и посетите на семинари кои се одржуваа на меѓународно ниво во Београд,Софија,Ниш,Пловдив,Истамбул како и во Македонија односно во Скопје и Битола.Своето работно искуство го започнав со работа од 5 години во фамилиарниот салон во Злетово од каде со почеток на школувањето и преселувањето во Скопје го продолжив со работа од 8 години во фризерскиот салон РЕРА .Каде што се роди и идеата за отворање на модерениот и елитен салон за мажи “Фризерско Студио Станче” кој нуди модерен стајлин на фризури и бради.

 

       АНТОНИ

Со занаетот се сретнувам на 12 години почнувајки како помошник фризер во фризерски салон Карадак во Крива Паланка со работење од 2 години.По години работа во родениот крај бизнисот го префрлив во Скопје со отворање салон во населбата Аеродром каде по функционирање од 2 години дојде до средба со Тоше Кипријанов од каде што се роди идеата за соработка во “Фризерско Студио Станче”.

Извор : dokaz.mk

Прегледи:
731
Објавено на:
01.09.2016