Категории

За две години ослабнала 92 килограми ­ видеото од целиот процес е неверојатно!

Симон Андерсон (24) од Нов Зеланд на 29 август 2014 цврсто решила да се ослободи од вишокот килограми. Тогаш имала 169 килограми ­ денеска има само 77!

На својата фејсбук страна Симон отворено зборува за нејзината борба со килограмите и за операциите кои подоцна следеле, и преку кои се ослободила од вишокот кожа. Девојката повеќе од двојно ја намалила тежината и се соочила со бројни предизвици.

­

Секогаш сум имала проблем со килограмите и секогаш сум барала спас во брзи диети со кои губев килограми, но бргу ги враќав. Тоа што јавно го делам со светот својот пат до здрава линија, ќе ме мотивира дополнително да не се откажам. Немам одреден план на исхрана, го менувам менито да не ми досади еднолична храна. Но не јадам брза храна и преработен шеќер ­ останатото е здрав разум и умереност -­ вели Симон.

Покрај тоа два часа дневно поминува во физички вежби.

На социјалните мрежи Симон постира свои фотографии од целиот процес, за да ги мотивира останатите со истиот проблем да се соочат со него и да го решат. Има бројни следбеници и луѓе кои ја ценат, бидејќи не се двоуми да ги објави и фотографиите кои повеќето би ги криеле ­ како изгледала пред операциите за отстранување на вишокот кожа.

Секој кој сака да тргне по патот на Симон ќе има голема помош од советите на нејзината Фејсбук страна ­ таа детално ги објаснува сите проблеми со кои се соочила и сите зафати низ кои поминала, за да дојде до здрава линија, во време од 2 години…

https://www.youtube.com/watch?v=pID6cKITfe4

Прегледи:
569
Објавено на:
01.09.2016