Од сега, на Инстаграм ќе можете да ги зумирате фотографиите и видеата објавени на оваа социјална мрежа. Корисниците оваа опција ја бараа подолго време, а сега желбата им се исполни. Опцијата од вчера е достапна на телефоните со оперативен систем “iOS”, а за неколку недели ќе стане достапна и на телефоните со оперативен систем “Android”.
Многумина шпекулираа дека Инстаграм ќе се одлучи на овој чекор, затоа што многу професионални фотографи ги споделуваа своите фотографии на социјалните мрежи, а камерите на мобилните телефони стануваат се подобри.
Инстаграм стана многу повеќе од социјална мрежа за споделување на фотографии и моменти со пријателите. Затоа, оваа промена навистина е неопходна.
Today we’re bringing ZOOM to Instagram on iOS! Pinch to zoom on photos & videos in feed, on profiles and on Explore pic.twitter.com/j1g4JQozK2
— Instagram (@instagram) August 31, 2016
https://www.youtube.com/watch?v=Ahzz3ik-EvQ