Категории

Љубовен хороскоп за септември 2016-та година

are-we-genetically-programmed-to-fall-in-love

Што прогнозираат ѕвездите на љубовен план во претстојниот месец:

Овен

Постои ризик почетокот на есента да не започне баш така како што сте посакувале, но тоа можете да го спречите со низа едноставни правила по кои ќе треба да се придржувате. Најнапред, имајте предвид дека сега да започнете долготрајна врска не е возможност. Сè што ќе пробате ќе биде со краток век и нема да заврши славно. Пронајдете златна средина. Излегувајте, флертувајте, но држете се и на блага дистанца.

Бик

Биковите ги очекуваат многу интересни моменти, посебно ако имате одбрано животен сопатник. Септември ќе фрли ново неочекувано светло на вашата врска. Тоа не мора да биде негативно, туку само ќе ве изненади. Па, добро е да бидете подготвени на тоа, посебно ако имате некои сокриени тајни за кои вашата сродна душа не е свесна. Знаете и самите дека, порано или подоцна, тајните испливуваат на површината. Накратко, бидете екстремно внимателни околу „сочните“ теми.

Близнаци

На емотивен план, Близнаците ги очекува прилично возбудлив период. Бидете внимателни, но немојте премногу да се ограничувате. Во односот со партнерот, бидете малку подоследни и направите чекор наназад. Согледајте на што сте. Тоа нема да биде лесно, но се исплати. Да, ова може да има последици, но во овој момент тоа ви е навистина потребно. Понекогаш и страсните емоции мораат да бидат согледани од објективна перспектива. Пријателите можат да ви бидат од помош, но само вие најдобро знаете каков заклучок можете да донесете.

Рак

Овој хороскопски знак во септември ќе биде вклучен во многу забавни случувања. Само останете верни на себе и не се обидувајте да се докажете на никого. Ако сте во врска, бидете поблаги. Постои општо чувство помеѓу вас и партнерот, дека не сте доволно отворени еден кон друг. Сепак, никогаш не е предоцна ова да го поправите. Не се плашете од извинувања и искажувања на вистинските емоции. Вие сте деликатни и емотивни суштества, но на крајот на денот, секогаш знаете што е најдобро за вас.

1 2 3

Прегледи:
1160
Објавено на:
01.09.2016