Категории

Неверојатно популарен: Стаклениот мост во Кина го посетуваат толку многу туристи, па мора да биде затворен

Бројот на туристи кои што сакаат да го посетат кинескиот стаклен мост станал толку голем, што морал да биде затворен за јавноста.

Импресивниот стаклен мост во Кина стана вистинска туристичка атракција, па мораше да биде затворен за јавноста само 13 дена после неговото свечено отворање.

„Бројот на туристи едноставно е преголем“, изјави претставник на маркетинг тимот кој е задолжен за промоција на најдолгиот стаклен мост а светот. Имено, мостот имал капацитет да прими 8 илјади посетители дневно, а заинтересирани имало дури 10 пати повеќе.

 Засега не е познато кога мостот повторно ќе биде отворен за туристите, но познато е дека кинеските власти деновиве ќе извршат детални инспекциски проверки, односно ќе бидат извршени детални проверки на безбедноста на мостот.

Овој мост важи за највисокиот и најдолг стаклен мост на светот. Направен е од дури 99 стаклени плочи поврзани со челична конструкција која се протега над кањон на висина од 299 метри. Мостот нуди спектакуларен поглед на бујните шуми на кањонот, но секако посебно ги привлекува туристите поради стаклениот под.

Прегледи:
390
Ознаки:
·
Објавено на:
03.09.2016