Кога ќе почнеме по механизам да вадиме парчиња облека од плакарот и да се прилагодуваме на постоечките формули, тоа е знак дека треба нешто да смениме и да пронајдеме нова инспирација која ќе ни даде динамика и шик изглед.
Затоа заборавете на проверените комбинации и одберете некои атрактивни парчиња.
Во продолжение погледнете ги 4-те фантастични деловни outfit-и кои можете сами да ги склопите…
1. Кошула со килоти и мокасинки со отворена пета
Да го постигнете овој look е едноставна задача, а ефектот е фантастичен. Изберете килоти со ефектен дизајн, пријатна кошула која би требало да ја откопчате и да ги подвиткате ракавите и на крај додадете ги мокасинките со отворена пета.
2. Блејзер со маица класични фармерки и штикли
Сакате лежерна модна комбинација во која ќе се чувствувате пријатно цел работен ден?
Тогаш облечете фармерки со рамен крој, обична маица и блејзер со риги.
Со овој look најдобро е да облечете високи штикли кои ќе ја издолжат вашата силуета.
3. Свилена кошула со панталони со широки ногавици ремен и салонки
Оваа комбинација е одличен избор за сите дневни активности. Делува неверојатно шик. Наш совет е да бирате јарки бои.
4. Долг мантил, блуза, ѕвонарки панталони и балетанки
Монохроматскиот изглед е едноставен начин да изгледате средено и шик. Лежерен мантил со добар крој, блуза и панталони кои поседуваат благо ѕвонеста форма со балетанки изгледа неверојатно елегантно.