Категории

Хороскопот открива: Како да го задржите момчето според неговиот хороскопски знак

Денес е лесно да фатите некој, но дефинитивно претставува проблем да го задржите. Пред да почнете да размислувате и да кроите техники, прочитајте што ве советува неговиот хороскопски знак.

Овен

Кога сте во врска со овен секогаш мора да воведувате некои новитети и постојано да бидете активни, затоа што работите многу брзо им се здосадуваат. Тие не сакаат да слушаат приказни кои веќе ги слушнале и подобро би било секогаш да имате свежа и сочна тема за разговор. Голем плус ви е ако имате различни пријатели и интереси.

Бик

Биковите се страстни и лојални и истото го очекуваат и од вас. Подржувајте ги во нивните сонови и планови и покажете им дека секогаш сте на нивна стана. Постојано бакнувајте го и гушкајте го и бидете добар слушач.

Близнаци

Тие се доживуваат како херои, така што секогаш кажувајте му дека е храбар, а тој за многу кратко време ќе помисли дека сте негова сродна душа. Тие имаат силна потреба да бидат независни во врската, така што секогаш овозможувајте му ја и пред се бидете му пријател.

Рак

Раковите не сакаат нападни и агресивни девојки, ако сте еден мил слаткиш тогаш вие сте таа добитна комбинација. Раковите ги сакаат малите домашни задачи, па домашен колач или сет ножеви би биле вистински подарок за него, особено ако е без некој особен повод.

Лав

Лавовите остануваат заљубени во девојки кои ги подржуваат онакви какви што се и што занаат што му е нему важно и го ценат истото. Лавовите се дарежливи, па ако им дозволите постојано да се грижат за вас и ако го фалите поради тоа тој ќе биде среќен, а вие задоволни.

Девица

Ќе останат со вас ако му ставите на знаење дека ви е потребен. Прашувајте го за совет и секогаш известувајте го кога неговиот совет ќе ви помогне да решите некој проблем. Тоа ќе го направи да се чувствува како вистински маж и ќе биде сигурен со вас.

Вага

Треба да бидете вистински партнер не само обичен привезок. Бидете му најдобар другар, поддржувајте го, уживајте во приказните кои ги раскажува. Делете ги вашите размислувања со него.

Скорпија

Е за овие момци е потребно повеќе време да се отворат и да се заљубат,но откако ќе се случи тоа тие стануваат потполно верни. Не лажете го и дозволете му покрај вас да се чувствува потполно сигурно.

Стрелец

Стрелците мораат да бидат не зависни во љубовната врска, ако му дозволите без љубомора да ја има нужната слобода тој ќе биде најдобриот партнер што некогаш сте го имале. Никако не ги заборавајте љубовните игри, забави и лудории па ќе го добиете и највозбудливиот партнер што некогаш сте го имале.

Јарец

Бидете искрени и доверливи – она што ќе ви го кажат во доверба никако не смеете да го споделите. Истото така тие подразбираат дека од вас ќе имаат максимална поддршка и охрабрување.

Водолија

Секогаш оставајте му простор за себе. Бидете интимни но не претерувајте. Запаметете ако сакате да добиете љубов мора да ја давате.

Риби

Тие се многу чувствителни, па избегнувајте го критикувањето дури и да имате потполно мислење од него. Тие се длабоки романтичари па, во вашата врска внесете доза на романтичност.

Прегледи:
434
Ознаки:
·
Објавено на:
04.09.2016