Категории

Едноставни и брзи трикови во кујна

Скоро и да нема дама која не поминува одреден дел од своето време во кујната, па затоа веруваме дека секој трик со кој ќе извршиме одредена задача побрзо ќе ни биде од помош.

Денес ви претставуваме токму неколку такви трикови кои ќе ви го олеснат секојдневието.

1. Исчистете го ѓумбирот

Обидете се да го исчистите ѓумбирот со лажичка и ќе видите колку е побрзо и полесно.

 2. Заштитете ги бананите од пропаѓање

Користете провидна фолија за да го спречите брзото пропаѓање на бананите. Фолијата ставете ја онака како што е прикажано на фотографијата.

q2

 3. Смрзнете го лимонот

Во калап за мафини ставете вода и лимон исечен на кругови. Ќе имате прекрасни освежувачки ледени коцки за послужување со пијалакот.

q3

 4. Стопете го медот

Кристализираниот мед може многу лесно да стане течен, а притоа да не ги загуби своите својства. Во длабок сад сипете вода и загрејте ја, а во помал стаклен сад ставете мед кој сакате да го растопите. Кога водата ќе се загрее, ставете го садот со медот и мешајте со лажичка додека сосема не се истопи.

q4

 5. Сочувајте ја свежината на кромидот

Во хартиена кеса со дупчиња можете да ја сочувате свежината на кромидот и да го продолжите неговото траење.

q5

6. Омекнете го путерот

Загрејте чаша и со неа преклопете го путерот. На тој начин ќе добиете путер кој веднаш ќе можете да го користите

Прегледи:
410
Објавено на:
08.09.2016