Денеска ви претставуваме неколку убавици кои со својата волја и храброст успеале барем малку да ги променат стереотипите на општеството кога станува збор за тежината и женските облини. Погледнете ги нивните инспиративни приказни.
Клои Маршал
Пресвртни моменти во животот на Клои се победата на натпреварот за убавина Miss Surrey во 2008 година и учество во финалето на натпреварот за модели со големи облини Miss England. Овие два настани го привлекле вниманието на јавноста и ја направиле оваа девојка многу популарна. Затоа таа решила да стане професионален модел. Денеска нејзиното мото е: „Не мора да сте високи и слаби за да сте убави“.
Стефаниа Ферарио
Моментално Стефаниа е заштитно лице на линијата за долна облека на Дита Вон Тес. Таа не сака да ја нарекуваат „модел со големи облини“ и вели дека е погrешно девојките да се класифицираат според тежината. Ова ја предизвикало својот револт да го покаже и на Инстаграм со што го создала хаштагот #DropTheSize и инсистира дека таа е вистински модел без додавката „со големи облини“.
A photo posted by Stefania Ferrario (@stefania_model) on
Фелисити Хејвард
Фелисити станала модел по една среќна случајност. Додека играла во некој ноќен клуб, ја забележал еден професионален моден фотограф кој ја поканил да учествува во фотосесија. Ова докажува дека отвореноста кон нови искуства и сведувањето на срамот на минимум може многу да ви помогне.
Лирис Крос
Кога Лирис ја започнала својата кариера, модните агенти ја советувале да почне да држи диета со цел да ја намали тежината. Но, и покрај ова таа успеала да најде гранка на модната индустрија која ќе ја прифати каква што е. Лирис многу често се наоѓа на насловните страници на познати модни списанија, како и во голем број музички видеа на познатите поп-ѕвезди. Таа живее и работи со цел да ги инспирира другите жени да не се откажуваат од нивните соништа.
A photo posted by Liris Crosse (@lirisc) on
Катја Жаркова
Катја е најпознатиот руски модел со облини. Нејзиното животно мото е: „Вашата среќа не зависи од тоа колку сте тешки. Живејте сега и тука – не ги одложувајте работите за подоцна!“
Маркита Принг
Маркита ја започнала својата кариера позирајќи за модни списанија за девојки со големи облини. Во 2011 година таа многу напредува и се појавува на насловната страница на Вог, а неколку години подоцна станува и заштитно лице на познатиот бренд за тексас Левис. Таа е задоволна со своето тело, но истакнува дека најважно од сè е здравјето.
? by @anastasiagphoto ?by @jnavaromakeup #IMGirls
A photo posted by marquitapring (@marquitapring) on