Категории

БОЖЈО ЧУДО: Родена е со тежина од само 229 грама, погледнете ја денес

Кога малата Емилија Грабарчик пристигнала на овој свет, тежела само 229 грама и била долга 22 сантиметри.

И покрај тоа што шансите да преживее биле екстремно мали, Емилија се изборила за живот. Докторите ја нарекоа „мал борец“, а нејзиното преживување го нарекоа „медицинска сензација“.

Сега, девет месеци по раѓањето, Емилија е со нормална тежина и конечно нејзините родители ја однесоа дома.

Емилија се роди во Витен, Германија, во 26-тата недела од бременоста. Нејзините родители Лукас и Сабин, заедно со докторите, одлучиле малото девојче да биде родено предвреме со царски рез. Доколку не го стореле тоа, постоел огромен ризик бебенцето да умре во утробата, бидејќи плацентата не го снабдувала со доволно хранливи материи.

„Имаше многу тешки денови и многу солзи, но таа очигледно сакаше да преживее“– изјавила мајката.

Благодарение на медицинскиот тим, минијатурното новороденче ги надминало сите пречки, меѓу кои и операција на стомакот. Сега Емилија тежи 3,3 килограми. За среќа, докторите велат дека бебето се развива добро и дека нема посериозни последици од предвременото раѓање.

Прегледи:
424
Објавено на:
10.09.2016