Категории

Овие браќа станале милионери благодарение на прашањето на нивната мајка

Во 1994 година, браќата Берт и Џон Џејкобс, кои денес се сопственици на мултимилионската компанијата „Life is Good“, добиле идеја која им го променила животот засекогаш. Имено, тие решиле да продаваат маици со куси ракави со нивен сопствен дизајн.

Нивното патешествие не било воопшто лесно. Тие почнале со продажба на маици во нивното комбе на улиците на Бостон и стигнале до основање неверојатно успешна фирма. Но, тие веројатно никогаш не би успеале без нивната мајка Џоан која ги научила секогаш да ја гледаат позитивната страна на работите без оглед на сѐ.

q2

Џон и Берт Џејкобс биле најмали од останатите 4 деца во семејството кое припаѓало на пониската средна класа. Кога браќата оделе во основно училиште, нивните родители доживеале ужасна сообраќајна несреќа. Мајка им успеала да се извлече со помали повреди, но татко им поминал многу полошо, односно неговата десна рака останала парализирана. Оваа трагедија многу влијаела на однесувањето на таткото. Тој станал нервозен и започнувал караници без никаква причина.

Но, и покрај сите несреќи, мајка им сѐ уште верувала дека животот е убав. Секој ден кога целото семејство ќе се соберело на вечера, таа им поставувала на децата едно единствено прашање: „Кои убави работи ви се случија денес?“.

q3

„Зборовите на мајка ми звучат едноставно, но веднаш ја менуваа енергијата во просторијата. Одеднаш сите почнувавме да зборуваме за најдобриот, најсмешниот или најчудниот дел од денот. Нашето семејство отсекогаш го имало овој оптимизам иако имавме многу малку други работи“, објаснува еден од браќата.

Оваа мајка ги научила нејзините синови дека оптимизмот е избор што го правиме секој ден. Берт и Џон го следеле ова просто правило целиот нивен живот. Тие почнале да ја влечкаат нивната облека по бостонските улици и по 5 години продавање маици имале само 78 долари во банка. Но, не се откажале. Тие постигнале огромен успех откако одново ја брендирале и основале нивната компанија и почнале да произведуваат маици со насмеани ликови и со реченицата „Животот е убав“ (Life is good).

q4

Овој едноставен, но позитивен дизајн ги освоил срцата на многу луѓе и до крајот на годината „Life is Good“ продала маици во вредност од 87.000 долари. Денес, нивните маици, капчиња и други производи се продаваат во илјадници продавници ширум светот, а самата компанија, чија вредност изнесува 100 милиони долари, промовира здрав начин на живот. Исто како и пред 22 години, на поголемиот дел од нивните парчиња облека стои слоганот „Life is Good“. И мора да се согласите дека не можете да противречите на тоа: Животот е навистина прекрасен!

Прегледи:
580
Објавено на:
10.09.2016