Најсилниот земјотрес во Скопје беше регистриран во неделата во 15,10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје. Во неделата во 7 часот наутро беше регистриран земјотрес од 4,4 степени според Рихтеровата скала.
Вчера вечерта скопјани почувствуваа два последователни земјотреса во 19,53 часот – првиот земјотрес беше со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала.
По тој повод Калиопи облече црвено и си направи селфи. Таа објасни што значи симболично нејзиниот избор и како се справува со ситуацијата.
-Денес избрав црвено, ставив насмевка на лицето и се молам се да мине добро и да сопрат земјотресите што не стресуваат во последните два дена. Останете позитивни!, порача поп дивата.