Категории

НА КОИ ЖЕНИ ИМ Е НАЈТЕШКО ДА ПРОНАЈДАТ ЉУБОВ?

Општеството многу често ги стигматизира жените кои не се во врска, наметнувајќи го мислењето дека нешто не е во ред со нив. Ова е многу погрешно мислење. Ако сте интелигентна жена, вам сигурно ќе ви биде уште потешко за да го пронајдете вистинскиот партнер за вас.

Во продолжение прочитајте ги причините поради кои на паметните жени им е тешко да пронајдат љубов.

1. Тие не се плашат да бидат сами

Паметните жени знаат што сакаат и не се подготвени да се согласат на нешто помалку од тоа. Тие знаат колку е важно да се остане верен на себе. Тие имаат сфатено и дека жртвувањето на своите потреби за доброто на љубовта со погрешната личност на долг рок ќе предизвика само незадоволство.

Тие не мораат да се врзувааат заради страв од осаменост или заради мислењето на другите луѓе кои не ја разбираат способноста на жената да биде сама и среќа.

2. Тие знаат што сакаат

Секоја жена има умствен список на карактеристиките кои ги бара во својот партнер. Списокот на паметните жени е подолг од списокот на жените кои сакаат да бидат во врска само за да бидат во врска.

Тие добро се познаваат себеси и знаат со каков маж можат или не можат да бидат.

3. Не им треба друга личност за да им го олесни животот

Порано беше правило дека жената од куќата на својот татко оди во куќата на својот сопруг. Во современиот свет на жената повеќе не и е потребна друга личност која би и помогнала да преживее.

Сознанието дека на крајот од денот ќе мора да го дели просторот со некого, може да биде застрашувачко за независната жена.

4. Тие имаат поважни работи од пронаоѓање на партнер

Кариера, пријателства, семејство… Без оглед на тоа за што се работи, таа нема да има доволно време за да излегува во град и специјално да бара партнер.

5. Тие се хиперсвесни дека врските завршуваат и нивните искуства од минатото влијаат на нивните потенцијални врски

Нив им е тешко да живеат во моментот и не сакаат да си го губат времето, затоа што за нив времето е скапоцено. Тие мораат да знаат дека врската има иднина и дека нивниот потенцијален партнер е на иста бранова должина со нив, особено кога станува збор за деца, брак, финансии и слично.

6. Тие знаат дека привлечноста е само пола битка

Физичката привлечност е важен аспект за наоѓање љубов, но паметните жени знаат дека привлечнота е краткотрајна и дека може да исчезне кога ќе се погледне подлабоко. Додека некои жени се под влијание на хормоните додека бараат љубов, паметните жени знаат дека стекната и одржувана интимност е она што диктира и определува дали една врска ќе опстои.

7. Тие знаат да делуваат страшно

Интелигентната жена не се плаши гласно да каже што мисли. Тоа многумина тешко го прифаќаат. Без разлика дали е тоа поради тоа што не знаат како да реагираат или затоа што чувствуваат дека не можат да ги исполнат очекувањата, оваа карактеристика може да биде застрашувачка за потенцијалните партнери, па и за нивните пријатели.

8. Тие ги разбираат промените

Тие не се залажуваат дека и тие и нивните партнери ќе останат исти во иднината. Тие сакаат да растат, имаат планови за иднината кои ќе ги променат и на крајот таа иднина ќе ги промени и нивните врски.

Знаејќи го тоа, на овие жени им е тешко да бидат со еден партнер долго време.

9. Тие ја разбираат модерната пракса на спојување, но не значи дека се согласуваат

Врската не е средство за преживување за овие жени. Како што е претходно наведено, жените денес се способни да живеат сами, така што за нив врската во суштина подразбира партнер кој навистина го сакаат и со кој сакаат да ја делат иднината, животот и интересите.

10. Тие знаат дека не треба секогаш да им се верува на чувствата

Ова е најважната причина поради која на силните и паметни жени им е тешко да пронајдат љубов. Одлуката дали е некој достоен за срцето на интелигентната жена не е лесна задача и не треба да се зема здраво за готово. Интелигентните жени мораат да наоѓаат причини за и против и да одлучат дали вреди да се ризикува.

Прегледи:
452
Објавено на:
14.09.2016