Категории

Најкритични години: Кога мажите најмногу изневеруваат?

Британскиот портал за пронаоѓање партнер IllicitEncounters.com, кој има повеќе од милион корисници, преку истражување откри кои се најкритичните години кога мажите се најсклони кон изневерување. Прељубата најчесто се почнува на 39 години, а тоа се објаснува со фактот дека тие години се пресвртница во животот на мажот. Додека некои почнуваат да влегуваат во криза од средни години, други ја проживуваат втората младост, односно втор пубертет или бараат нови возбудувања.

Истражувањето покажало дека луѓето всушност се склони кон изневерување во последната година од која било деценија од животот (19, 29, 39, 49 или 59) отколку во која било друга година. По 39-тата година, најневерна година е 49-тата година.

– Ако во минатото сте го изневериле партнерот или сте го повредиле со нешто, постои опасност дека тој кога-тогаш ќе посака да ви врати со иста мерка, тврди еден од основачите на порталот и додава дека за време на летните месеци луѓето се дури за 25% посклони кон изневерување.

Страницата IllicitEncounters.com навела и 5 најчести причини за неверство:

76% – недостаток од возбуда во кревет
54% – добра прилика
46% – врската станала досадна
28% – повторно воспоставување на контакт со старата љубов преку социјални мрежи
22% – желба за промена

Прегледи:
395
Објавено на:
15.09.2016