Пронајдете на кој знак припаѓате и уверете се сами колку е прецизен.
Татко (4 јануари – 3 февруари)
Среќен ден: четврток
Успешни месеци: јануари и мај
Елемент: воздух
Дрво: баобаб
Боја: зелена
Знакот Татко е поврзан со Сонцето и светлината. Припадниците на овој знак се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Многу се внимателни и уживаат голема доверба од другите и затоа често им се обраќаат за совет.
Имаат чувство за добри бизнис зделки, но притоа често ја забораваат хуманоста. Среќни се, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Работат многу напорно. Веруваат во себе и во своите одлуки.
Љубов: Родените во овој знак бараат стабилна врска која постепено расте и се продлабочува. Сакаат сè да прават заедно со својот партнер – од заедничко живеење до заеднички патувања.
Припадниците на овој знак се најчесто јадрото на врската. Му помагаат и го поддржуваат партнерот. Имаат многу пријатели и сите нив подеднакво ги ценат.
Работа: Имаат потреба од висок социјален и професионален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Треба повеќе да се изразуваат, да водат проекти или тимови. Важно е што луѓето лесно ги препознаваат нивните способности и квалитети.
Здравје: Луѓето родени во овој знак треба да вежбаат за да се ослободат од стресот. Најмногу им одговараат спортовите како тенис и пливање. Корисни им се и вежбите кои вклучуваат длабоко дишење, како што се јогата и пилатесот.
Мајка (4 февруари – 5 март)
Среќен ден: среда
Успешни месеци: февруари и јуни
Елемент: воздух
Дрво: кокос
Боја: сива и сина
Знакот Мајка е поврзан со Месечината, со илузијата на ноќта, што им овозможува на неговите припадници да ја истражуваат својата потсвест. Тие се личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед.
Даваат многу, забавни се и затоа другите им се восхитуваат на нивната човечност и способноста да слушаат. Но, овие луѓе најчесто не се разбрани од другите, затоа што не е лесно да им се пријде.
Припадниците на овој знак повеќе сакаат да ги слушаат другите, отколку да зборуваат за себе.
Љубов: Во љубовта често се предомислуваат и не се секогаш верни. Тие се духовни и индивидуални личности кои бараат партнерот да ги смета за малку понеобични од сите други. Сакаат долги разговори, еротски средби и сè што може да ја направи врската поинтересна.
Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер и да останат покрај него, сè додека тој им дава простор и не ги задушува во врската.
Работа: Постојано се зафатени и затоа понекогаш треба да застанат малку и да размислат за работите што ги опкружуваат. Потребно им е слободно време, за да може подобро да функционираат.
Може да ја сменат работата неколку пати. Можно е дури и да се ориентираат кон друга кариера. Опкружени се со луѓе кои секогаш им даваат добронамерни совети.
Здравје: Родените во овој знак треба да јадат здрава и лесна храна и да му се спротивстават на искушението на слатките. Потребно е да внимаваат на коските и белите дробови.
Иако не се големи обожаватели на спортот, добро е понекогаш да излезат на свеж воздух.
Семејство (6 март – 4 април)
Среќен ден: вторник
Успешни месеци: март и јули
Елемент: земја
Дрво: палма
Боја: рубин-црвена
Знакот Семејство е поврзан со симболот на круг со точка во средината, што означува заедница и солидарност меѓу луѓето што се крвно поврзани, или едноставно, означува блиски пријатели.
Родените во овој знак се топли и внимателни луѓе кои понекогаш се забораваат себеси затоа што повеќе се загрижени како да ги задоволат другите. Често се дел од добротворни и хуманитарни акции што им помага на припадниците на овој знак да избегаат од секојдневието.
Љубов: Пријателите, семејството и децата се најважни за родените во овој знак. За да бидат среќни, треба да се опкружени со оние кои ги сакаат. Партнерот треба да го прифати нивниот начин на живеење.
Знаат како да шармираат и да заведат некого, но најчесто успеваат кога не се ни обидуваат да го направат тоа. Овие луѓе никогаш не се здодевни затоа што за нив постојано има нешто ново да се открива.
Работа: Најмногу им одговара да работат во образованието. Сакаат да го споделуваат знаењето со другите. Чувствителни се и знаат да ги слушаат другите. Она што ќе го слушнат од другите, знаат да го преобразат во некој вид уметност. Богатството од емоции им помага да го развијат нивниот потенцијал за креативност.
Здравје: Сакаат јога, таи чи и боречки вештини. Себеси си обезбедуваат добар тренинг и ја следат виталната енергија. Треба да се опуштат и да се грижат за себе, дозволувајќи си масажи со етерични масла или да поминуваат повеќе време во тишина.
Син (5 април – 4 мај)
Среќен ден: сабота
Успешни месеци: април и август
Елемент: земја
Дрво: багрем
Боја: зелена
Знакот Син е поврзан со вертикална стрела што го означува барањето на сопствениот пат. Тоа може да е патот што го покажува припадник на знакот Татко. Родените во знакот Син се луѓе на кои другите може секогаш да сметаат.
Тие се верни и ги одржуваат ветувањата. Секогаш се околу тие што ги сакаат. Организирани и енергични, целосно им се посветуваат на работите, понекогаш и на сметка на сопственото здравје. Треба повеќе да се опкружени со мудри и смирени луѓе и да ги слушаат нивните совети.
Луѓето ги сакаат и сакаат да бидат во нивно друштво, но родените во овој знак ќе мора да научат како да кажат „не“ на другите, за да не се чувствуваат исцрпени без некоја посебна причина.
Љубов: Припадниците на овој знак бараат вистинска љубов. Сакаат силни, страсни врски и партнер за кој ќе чувствуваат дека е љубовта на нивниот живот. Но, понекогаш токму овие барања можат да бидат причина за разделба.
Луѓето често мислат дека родените во овој знак се пребирливи. Тие го привлекуваат партнерот со нивното чувство за посветеност и фантазија. Либерални се и за љубовта се спремни да направат сè. Една од најважните работи за нив се врските.
Работа: Постојано се во потрага по предизвици. Ги сакаат песната, музиката и убавиот збор. Често ги менуваат работните места и не се чувствуваат најдобро во однос на нивните надредени. Најсреќни се кога ќе се здружат со колега за да работат заедно на проект, на кој ќе му бидат целосно посветени.
Здравје: Сакаат секаков вид спортување: велосипедизам, пешачење, планинарење, па дури и активни патувања. Иако се доста активни, не треба да го занемаруваат потребниот сон. Барем еднаш во годината треба да го искористат одморот, така што нема да прават апсолутно ништо.
Ќерка (5 мај – 4 јуни)
Среќен ден: недела
Успешни месеци: мај и септември
Елемент: оган
Дрво: гуава
Боја: кафеава
Знакот Ќерка се поврзува со симболот на ѕвездата со пет крака. Тие се дарежливи и оптимисти, но секогаш се грижат за непотребни работи. Тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот.
Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Животната радост и грижливиот инстинкт ги заштитуваат и им обезбедуваат многу добри пријатели.
Љубов: Ги сакаат силната страст и љубовните изјави. Тоа за нив е сè или ништо; еден момент си заминуваат, а веќе следниот момент се назад во прегратките на партнерот. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако по природа не се такви.
Неодоливи се затоа што секогаш го слушаат сопственото срце. Потребна е силна страст, нови големи возбудувања и мотивација за да ја одржите врската со партнерот роден во овој знак.
Работа: На работа, пријателите се тие што им даваат идеи и им помагаат на родените во овој знак. Креативни се и ентузијастички настроени, но им недостасува издржливост. Најдобро се снаоѓаат во графиката, комуникацијата и односите со јавноста. Нивниот талент доаѓа до израз кога работат под притисок.
Здравје: Најмногу им одговараат тимските спортови. Треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Рибата и морската храна се добри за нивната кожа и нерви.
Чичко (5 јуни – 4 јули)
Среќен ден: понеделник
Успешни месеци: јуни и октомври
Елемент: вода
Дрво: тропски кактус
Боја: жолта
Знакот Чичко се поврзува со симболот на квадратот кој во центарот има камен насочен нагоре. Овој знак ги симболизира силата и авторитетот кои најдобро функционираат кога и другите ќе ги признаат овие нивни карактеристики.
За жал, убедувањето на родените во овој знак не им е јака страна. Нивниот авторитет понекогаш е толку голем, што другите за нив мислат дека се напорни. Нивните најдобри особини се тоа што имаат смисла за хумор и често знаат да се пошегуваат на сопствена сметка.
Припадниците на овој знак се родени лидери. Потребно е да бидат потолерантни и да сфатат дека другите не размислуваат и не дејствуваат исто како нив.
Љубов: Во љубовта имаат постојани подеми и падови. Знаат да бидат некомпромисни и затоа тешко го наоѓаат вистинскиот партнер. Но, кога ќе одлучат да започнат врска, тоа обично е на долг временски период.
Постојано се опкружени со луѓе кои им се восхитуваат. Најважно е да не се обидуваат да го сменат партнерот, туку да го прифатат таков каков што е.
Работа: Кога станува збор за работните обврски, припадниците на овој знак се чувствуваат одговорни за сите и за сè што се случува, па затоа и често се караат со колегите.
Треба да научат да бидат посебични и посамостојни во работењето. Енергијата треба да ја насочат кон личните предизвици и кариерата, наместо да се обидуваат да ги импресионираат другите.
Здравје: Енергијата е нешто кое никогаш не им недостасува на родените во овој знак. Затоа треба да се занимаваат со спортови кои ќе им помогнат да го потрошат вишокот енергија, како што се трчањето, возењето ролери, сурфањето и тенисот.
За следните 6 знаци погледнете ги на следната страна …
1 2