Дури и стилот на учење е предодреден од карактерните особини на секој од нас, а е различен за секој од дванаесетте знаци во зодијакот. Проверете кој сака да учи со музика, а кој си запишува што му се чини најважно.
Овенот, импулсивен каков што е, чита се набрзина.
Бикот учи бавно и вниматело.
Близнаците учат додека слушаат музика, додека зборуваат, додека пеат или серфуваат на Интернет.
Ракот сака да учи само со пријатели или роднини во близина.
Ако Лавот е заинересиран да има добра оценка, тој ќе има добра оценка.
Девицата запишува се што треба да знае и потоа го учи тоа.
Вагата учи само ден пред испитот.
Скорпијата го прави тоа тивко… всушност никој не знае што прави таа.
На Стрелецот учењето му е здодевно, ќе прочита една страница и потоа ќе излезе да прошета.
Јарецот учи повеќе од сите други и добива одлични оценки.
Водолијата го запишува тоа што мисли дека е важно, а најчесто тоа не било важно.
Рибите сакаат да учат, но почнуваат да размислуваат за животот и се губат.