Категории

МАКЕДОНКА ОСВОИ ЗЛАТО НА ПАРАОЛИМПИЈАДАТА ВО РИО!

Микела Ристоски го освои златниот медал во скок во далечина на Параолимпијадата во Рио.

ФОТО: JASON CAIRNDUFF

Во конкуренција на лица со потешкотии во интелектуалниот развој, Ристоски го освои златниот медал со скок од 5,79 метри што е воедно и нејзин личен рекорд. Ристоски е по потекло од Македонија, но родена е во Хрватска и токму на оваа Параолимпијада ја претставува Хрватска.

Ова не е прво одличје на Ристоски на Параолимпијадите. Во 2012 година на Параолимпијадата во Лондон освои бронзен медал, а година претходно во Крајчестер (Нов Зеланд) го осви златото на Светското првенство во атлетика.

Прегледи:
552
Објавено на:
16.09.2016