Неодамна започна снимањето на новата сезона на шоуто „Се или нешто“, чија веќе добро позната водителка е македонската дама Лила Филиповска.
Таа секогаш изгледа беспрекорно, но пред секое снимање таа има задолжителен третман. Нејзниот прекрасен изглед е во искусните раце на Сергеј, како што самата Лила неодамна сподели фотографија токму со него, откако Сергеј си ја заврши успешно работата околу нејзиниот изглед.