Категории

Излегла од автомобилот и го покажала модното промашување на деценијата: Однапред гола, а одзади…

Откако ослабе по втората бременост, старлетата Ким Кардашијан не престанува да изнаоѓа нови начини за да го покаже секој детал од своето тело. Дали овој пат претерала во тоа?

Имено, семејството Кардашијан излегло на вечера, а ѕвезда на вечерта била Ким која за таа прилика облекла, како што изгледа, парче секси долна облека.

Провидното и тесно парче ткаенина го искомбинирала со фармерки, а сè оставало впечаток на една голема збрка од облека и модно промашување. Не само што горниот дел бил и повеќе од провокативен, туку Ким постојано била зафатена со него, обидувајќи се да ги задржи градите во него.

На „акцијата“ на крајот морал да ѝ се приклучи и Канје Вест, кој не го симнувал погледот од својата сопруга.

Но, ако мислевте дека само горниот дел од облеката бил проблем, сте се излажале, бидејќи ниту фармерките не се покажале како најдобриот избор. Од напред можеби изгледаат коректно, но кога Ким се свртела, се покажале во целиот сјај – и немаме многу пофални зборови за нив – во половината биле прешироки, а во позадината – нејзиниот заштитен знак, изгледале деформирано.

Сè на сè, ова е едно од најголемите модни промашувања на најпопуларната старлета во светот.

 

Прегледи:
287
Објавено на:
18.09.2016