Покрај обдареноста која е најголема грижа на мажите постои уште нешто што припадниците на посилниот пол ги оптеретува повеќе отколку што жените мислат.
Додека жените лажат за килограмите, мажите тоа го прават кога станува збор за сантиметрите, но не за оние поврзани за нивната машкост, туку за висината. Истражувањата покажале дека т.н. „Наполеонов комплекс“ е еден од најчестите проблеми со кои прилично ниските мажи се борат цел живот.
Овој проблем силно влијае на нивното самопочитување кое често е на удар уште од најмала возраст. Мажите со низок раст веројатно биле честа мета на високите и посилни полеги, а судејќи според резултатите од психолошкото тестирање кои зборуваат како високите полесно пронаоѓаат работа, приказната се продолжува во текот на целиот живот.
Меѓутоа без оглед на овој комплекс постои голем број успешни мажи за кои овој проблем никогаш не била пречка. Дени ДеВито (146цм), Ал Пачино (168цм), Дастин Хофман (166цм), Марк Ентони (168цм), Даниел Редклиф (165цм), а тие се само мал дел од големите „фаци“ за кои сантиметрите не биле голема пречка.