Категории

Земјотрес почувствуван и во регионот на Штип, 2.7 степени

Освен во Скопје, земјотрес денеска го потресе и тлото на околината на Штип, забележува Белградската опсерваторија.

Земјотресот е почувствуван на 10 километри од општина Карбинци со јачина од 2.7 степени според Рихтеровата скала во 19 часот и 37 минути.

Во 15 часот и 56 минути во Скопје беше регистриран земјотрес со јачина од 2.4 степени според Рихтер, значајно посилен од тој во 13 часот и 20 минути кој беше 1.9 степени по Рихтер.

Прегледи:
388
Објавено на:
20.09.2016