Категории

Што да очекувате од есен 2016: Јарците ќе бидат депресивни, Биковите ќе го прошират семејството

Календарски есента штотуку не започнала, па добро е пред време да се подготвите за она што ве очекува, барем според хороскопот.

Астролозите велат дека оваа есен е период за промени на секое поле и ништо нема да биде мирно.

Откријте што да очекувате од оваа есен 2016:

Овен

Оваа есен ќе имате нереални очекувања за реализирањето на вашите желби и планови.

Близок пријател ќе ве повреди со неискреност, и покрај тоа што веќе сте запознаени со неговиот карактер.

Можни се грижи поврзани со жена во вашето окружување – сопруга, мајка, сестра, баба…

Кон крајот на есента ќе ви се случи и важен настан кој ќе ве поврзе со личност во знакот на Овен, Лав или Стрелец.

Бик

Оваа есен е идеално време за проширување на семејството.

Ќе треба повеќе да се грижите за вашето здравје и здравјето на блиските луѓе.

Веројатно ќе откриете дека емотивната загуба од минатото и не била толку голема загуба, благодарение на долгогодишен пријател.

Ова е идеален период да испланирате патување. За некои Бикови ова ќе биде шанса долгорочно да го напуштат домот и да се преселат во друга земја.

Близнаци

Оваа есен ве очекува напорна работа, бизнис договори, но и мешање на приватноста со работното место.

Посветете се повеќе на развивање на едукацијата.

Земете ги предвид сите нови можности за преселба.

Очекувајте пријатно изненадување од личност родена во знакот на Водолија, Вага или Близнаци.

Кон крајот на есента ќе бидете нетрпеливи, па важно е да не донесувате конечни одлуки.

Рак

Оваа есен ви е среќна на поле пари. Благодарение на млада жена која е ваш роднина, клиент или бизнис партнер ќе заработите повеќе од очекуваното.

Не ги одложувајте приватните средби кои имаат голем потенцијал да прераснат во љубовни. Бидете поотворени и спонтани за нови познанства.

Треба да бидете повеќе загрижени за местото на кое живеете и за локалните незгоди.

1 2 3

Прегледи:
727
Објавено на:
21.09.2016