Категории

Mihano Momosa креира колекција за современите принцези

portal2-1-700x525

Србскиот дизајнер Михано Момоса создаде колекција чија основна цел е согледување на женскиот сензибилитет на сосем нов начин што резултира со уникатни и софистицирани парчиња. Секо парче само за себе зборува за современата жена која својата нежност ја користи како свое најмоќно оружје.

Моделите се препознатливи и лелеави, Момоса користејќи деликатни материјали во својата колекција додаде и неочекуван израз а тоа се материјалите кои се користат за создавање на фармерки, кошули и блузи кои по допирот спаѓаат во rеady-to-wеar колекциите но навидум спаѓаат во hautе couturе.

14316882_1096408140436867_1601078166730910284_n-700x700

Момоса своето царство го збогати со креирање на кожни ташни симболично именувани како Olya. Ташната доаѓа во две препознатливи бои за брендот – нежно розова и сина, таа по својот изглед претставува уште еден одраз на брендот а тоа е нејзината практичност, издржливост и софистициран и елегантен исглед. Тој за оваа колекција изјави дека ја посветува на сите дами кои сакаат да се чувствуваат како современи принцези.

momi momosa640-1 momosa640-2 momosa640-3 momosa640-4 momosa640-5

Прегледи:
254
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
27.09.2016