Категории

Џони Деп и е рамо за плачење на Анџелина Џоли

Колегата Џони Деп и е рамо за плачење на актерката Анџелина Џоли која неодамна се разведе од долгогодишниот партнер, актерот Бред Пит, јавуваат странските медиуми.

По препорака на Деп, Џоли ја ангажираше славната адвокатка Лора Васер, која го застапуваше Џони Деп за време на неговиот развод со колешката Амбер Херд.

„Анџелина со години го обожува Џони, а се зближија на снимањето на филмот „Турист“. Тие двајца останаа во контакт и редовно се слушаа за време на скандалот кој избувна за време на неговиот развод со Амбер“, изјавил извор за “The Sun”.

Џони и Амбер се запознаа на снимањето на филмот „Дневник на румот“, а се венчаа во 2015 година по неговото раскинување со долгогодишната партнерка Ванеса Паради со која има две деца.

Амбер ги поднесе документите за развод во мај, заедно со забрана за приближување против Џони, за кого тврдеше дека физички ја злоставувал. Разводот беше финализиран во август, Херд во рамките на договорот доби седум милиони долари, коишто ги донираше во хуманитарни цели.

Сега низ сличен скандал поминуваат и Анџелина и Бред Пит. Откако е објавено дека актерката решила да стави точка на нивниот брак, во медиумите се појавија шпекулации дека нејзиниот сопруг ја изневерувал и дека бил насилен кон децата.

Прегледи:
580
Објавено на:
28.09.2016