Категории

Причината е неверојатна: Зошто патничките авиони се во бела боја?

Логата на авионите секогаш се во боја, но испишани на бела површина. Сте се запрашале ли некогаш зошто авионите, како и автомобилите, не се појавуваат во различни бои.

Всушност, ретко, некои примероци доаѓаат во друга боја, но 99 отсто од сите патнички авиони во целост се бели, а причини има неколку, а главната е безбедносна.

На бела боја најубаво се одбива светлината, а тоа е многу важно бидејќи на тој начин се намалува загревањето ан авионот. Освен тоа, на бела боја најлесно се забележуваат пукнатини, протекување на масло и други проблеми кои можат да се случат доколку авионот не е исправен, а со тоа и побрзо да се реши проблемот.

На крајот, белата боја најлесно се забележува на небото во случај на судир или при лоши временски услови. И практично -0 тоа е единствената боја која не бледее.

Секако, постојат и економски причини, зашто за боењето на авион е долга и скапа работа, а со наведените предности ан белата, навистина нема смисла да се бои во друга боја. За бојадисување на авион потребно е време од два дена до ддве недели, во зависност од буџетот на компанијата.

Исто така, авионите во боја потешко се продаваат.

Прегледи:
289
Ознаки:
· ·
Објавено на:
29.09.2016