Иконскиот француски бренд Balmain на чело со креативниот директор Оливиер Рустинг ја претстави својата нова колекција за пролет/лето 2017. Армијата модели дефилираа во грандиозниот хотел „Поточки” во Париз каде ги претставија најновите креации на дизајнерот во препознатливиот женствен, самоуверен и борбен дух. Тој за својата колекција изјави дека не сака да биде ограничен од предрасудите и сака да ги сруши сите можни стереотипи кога е во прашање женското тело. Тој смета дека секоја негова колекција го носи францускиот дух во себе и тоа е она кое треба да биде почитувано.
Моделот Наташа Поли ја доби честа да го отвори шоуто на кое беа претставени осумдесет креации како долги лелеави сукњи со високи шлицови, корсети со провокативни исечоци и детали кои даваа вистинска смисла зошто брендот е насловен како „Армијата која покорува”. Како специјални гости во првите редови се најдоа кланот Кардашијан и многу блиски поддржувачи на дизајнерот од светот на шоубизнисот.