Кога е во прашање Париската модна недела, сите со нетрпение го очекуваат афтерпартито на Balmain. После спектакуларното шоу кое го приреди креативниот дизајнер Оливер Рустинг претставувајќи ја својата најнова колекција, беше сосема очекувано деќа ќе следи исто толку спектакуларна забава каде ќе присуствува целиот џетсет. Според традицијата гостите најчесто ги носат парчињата од колекцијата, минатата година Џиџи Хадид, Кендал Џенер, Карли Клос и Џоан Смолс се појавија на афтерпартито облечени во креациите кои пред тоа ги претставија на ревијата.. Оваа година во центарот на вниманието се најдоа Ким Кардашијан и Кајне Вест. Ким носеше фустан од колекцијата додека Кајне носеше тренерки и Gucci тексас јакна.
Како изгледаа останатите гости погледнете во галеријата подолу.