После докажаните успешни соработки со личности од шоу бизнисот како Ријана и Кајли Џенер, Puma тргна во потрага по нов дизајнер а овој пат тоа е изведувачот Abel Tesfaye познат како Thе Wееknd. Овој маркетингшки трик се покажа доста успешен во продажбата, после ден од лансирањето на колекцијата на Ријана таја беше распродадена во рекорден број. Германскиот магнатски бренд за спортска опрема го назначи Абел не само за свој дизајнер туку и за креативен соработник и амбасадор.
Новата колекција ќе биде насловена како “Run The Streets” и ќе биде снимена позади објективот на Mark Seliger во Лос Анџелес и Торонто каде музичарот израсна. Тој изјави дека во своите парчиња ќе ја задржи препознатливата аестетика која ја негува и дека ќе бидат во strееt stylе дух.